По првиот дел од сезоната, Вардар е единствениот тим кој се уште нема пораз во сите четири групи од Лигата на Шампионите. Тоа ги сместува црвено-црните во изборот, за најголеми претеденти за одбрана на Европската титула. Според најновото рангирање на ЕХФ, пред продолжување на возбудувањата во ЛШ, Вардар е сигурен патник на завршнио турнир во Келн и екипа која е на второто место со најголеми шанси да го освои трофејот од најголемото ракометно натпреварување.

Сите тие сакаат да докажат дека Вардар не е еднократно чудо, тие се единствениот непоразен тим во Лигата на шампионите оваа сезона и можат да се потпрат на ѕвездата на Европското првенство, шпанскиот голман и херој Арпад Штербик. Овие причини се доволни, актуелниот бранител на трофејот да биде рангиран на второто место стои во анализата на ЕХФ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ е најголем фаворит за освојување на врвот, додека веднаш зад него е Вардар. Вака изгледа новиот ранкинг на ЕХФ, шансите на екипите оваа сезона да бидат шампиони на Европа.

1. ПСЖ

2. ВАРДАР

3. Веспрем

4. Фленсбург

5. Нант

6. Рајн Некар

7. Барселона

8. Кјелце

9. ПИК Сегед

10. Мешков Брест

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…