Португалската фудбалска репрезентација вчера вечер допатува во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостува на Словенија.
Во Словенија за првпат пристигна и Кристијано Роналдо. Очекувано, на аеродромот и пред хотелот во Љубљана се собра толпа навивачи на португалскиот ас кои сакаа да добијат фотографија и автограм од славниот фудбалер.
👋 Eslovénia 🇸🇮 pic.twitter.com/3AkaKEQTrw
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 25, 2024
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ уште пред пристигнувањето на авионот се собраа многу обожаватели на Роналдо, претежно деца, со надеж дека ќе ја видат португалската ѕвезда.
Но, поради посебните безбедносни мерки беше невозможно да се дојде до португалските фудбалери. Откако авионот слетал, на пистата ги чекал автобус кој во придружба на полицијата ги однел до хотелот.
Португалецот ноќта ја мина во елитен хотел во центарот на градот, каде исто така ги чекаше толпа луѓе, но и таму не можеа да им се пријде. Како што е најавено, португалскиот тим ќе остане во хотелот до натпреварот, а изнајмиле цел дел од хотелот, па ќе бидат строго одвоени од останатите гости.
❗
— CR7's PR manager (@RONALDOthabeast) March 25, 2024
Cristiano Ronaldo has arrived in Slovenia for Tomorrow's match. pic.twitter.com/qP6CNWQA68
Роналдо во репрезентативниот дрес против Словенија ќе го одигра 206. натпревар. Досега за Португалија има постигнато 128 гола.