Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, битолски Еурофарм Работник денес пристигна во Маврово и попладнево го одработи првиот тренинг под водство на Ѓорѓе Чирковиќ.

По неколку дена работа во Битола, сега српскиот тренер го има целиот ростер, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, за да го подготви струшкиот турнир, а потоа и почетокот на Суперлигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еурофарм Работник не ги крие големите амбиции оваа сезона, а верува дека може да се квалификува и во групната фаза на ЕХФ Купот.

Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за нас…