Ракометарите на Еурофарм Работник се пласираа во финалето на Купот на Македонија откако вчера попладне во рамките на првото полуфинале во Битола го совладаа Охрид со 26:18 (15:7). Ова е првпат оваа битолска екипа да се пласира на завршниот натпревар од ова натпреварување.
До 20-та минута дуелот беше изедначен и Еурофарм Работник водеше со 7:6, а потоа тие направија серија од 7:0 што се покажа како решавачка за конечната победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобар играч на полуфиналето беше голманот на победничката екипа Градимир Чаневски, кој имаше 17 одбрани, додека Горан Крстевски (Еурофарм Работник) беше најефикасниот играч со 7 голови.
Ракометарите на Вардар се противникот кој ќе го имаат момците од Еурофарм во финалниот дуел. Вардарци ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Македонија.
Место во финалето изборија многу потешко отколку што очекуваа елиминирајќи го големиот ривал Металург во полуфиналето на завршниот турнир.
Првото полувреме црвено-црните го добија со три гола разлика 17-14. Но, во второто полувреме одличен на голот на Металург беше Дарко Арсиќ, а во нападот предводени од Кузмановски и Илиќ, тимот од Автокоманда во 39.минута, дојде до предност од 21-23. Во продолжението се играше гол за гол, за да на шест минути до крајот на мечот резултатот да биде израмнет 29-29.
Во финишот на дуелот Арпад Штербик стапи на сцена и со неколкуте одбрани во низа му донесе победа на Вардар до 31-30, а со тоа и пласман во финалето.
Вардарци важат за фаворити и ќе се обидат да стигнат до 12. трофеј во Купот на Македонија, додека за екипата Работник од Битола ова е прво финале.
Почетокот на финалниот дуел е во 16:30 часот.