Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Ето кој неодамна објави дека се пензионира за „Радио Барселона“ одговори на низа интересни прашања, а внимание привлече она за Ансу Фати кој блеска на стартот од својата кариера во Барселона.
Фати доби шанса поради повредите во Барселона и таа максимално ја искористи. Со добрите настапи во Ла Лига си обезбеди да биде стартер и во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ето имаше само пофални зборови за Фати.
„Ниту Бог не знае што Фати може. Одличен е! Тој нема еден пар, туку два пара м*да! Има карактер за фудбалер, му посакувам се најдобро и верувам дека може да се носи со годините кои доаѓаат“, изјави Ето.
Потоа Камерунецот зборуваше за ситуацијата со Гризман.
„Игра во најдобриот клуб во светот, но се уште се бара себе си. Таквите играчи ги развеселуваат навивачите, не се сомневам дека ќе има успех во иднина. Пристигна во средина во која мора да успее“, порача Ето.
Ето на крајот од интервјуто уште еднаш потврди дека е пензиониран од професионалното играње фудбал и изрази желба во иднина да стане првиот тренер со црна боја на кожата кој ја освои Лигата на шампионите.