Некои играчи знаат во кариерата да повлечат погрешен потег, а еден таков лош потег направи Кристијан Ериксен кога се пресели од Тотенхем во Интер.
Данецот дојде со големи очекувања, меѓутоа не покажа ништо и повеќе изгледа нема и да има шанса да покаже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека играше за Тотенхем Ериксен беше помеѓу најдобрите играчи за врска во свтот, со таква репутација дојде во Милано. Изминатите недели Ериксен доживеа неколку понижувања.
Имено, откако Интер ја победи Специја сите играчи отидоа во соблекувалната, исклучок беше Ериксен. Данскиот фудбалер половина час после натпреварот остана на теренот и вежбаше долги топки.
Ериксен за Интер одигра само 12 натпревари и Марота пред неколку дена потврди дека се работи на негова продажба во јануари. Како фаворит за негово доведување во овој момент се истакнува ПСЖ.