Ернесто Валверде пристигна на „Камп Ноу“ како наследник на Луис Енрике и пред него е многу тешка задача, да ја врати Барселона на врвот на Шпанија и Европа.
„Сакам да ја направам Барселона уште поголема. Не можеме да останеме каде што сме сега. Мораме да се развиваме“, изјави Валверде на претставувањето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Валверде исто така имал и разговор со Луис Енрике кој ја напушти екипата, најмногу поради големиот притисок од соблекувалната. Неговиот однос со Меси се менуваше константно, па поради тоа Енрике го советуваше новиот тренер секогаш добро да се однесува со Аргентинецот и да му биде поддршка.
Доколку успее да ја добие довербата на лидерот на тимот, се ќе му биде полесно. Во тоа би требало да му помогне Андрес Иниеста, првиот капитен на тимот.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Валверде ќе мора да внимава на својот однос со Нејмар, темпераментниот Бразилец кој сака да има посебен статус. Поради тоа наводно се скарал со помошникот тренер Унзуе.
Третото „труло јаболко“, како што наведува изворот, е Жерард Пике кој е еден од лидерите во соблекувалната.