Британецот Енди Мари го откажа настапот на АТП турнирот во Марсеј и со тоа веројатно стави крај на неговата кариера.
Пред почетокот на Австралија Опен Мари најави дека тоа можеби ќе биде неговиот последен тунрир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото коло на овој Грен Слем турнир Мари доживеа пораз во маратонски натпревар против Роберто Баутиста-Агут. На прес-конференцијата после овој меч порача дека не е сигурен дали некогаш повторно ќе се види со публиката.
Мари тогаш најави дека ќе мора да оди на операција на колкот и дека таа операција не му гарантира дека повторно ќе може да игра тенис.
Сега оваа најава беше и потврдена.
„Тешко ми е, но немам избор. Бев решен да одам во Марсеј, каде што ја освоив титулата во 2008 година. Таа титула ќе ми остане во добро сеќавање“, кажа Мари.