Дома Фудбал Марадона заврши во болница на итна операција

Марадона заврши во болница на итна операција

Фудбалскиот велемајстор Диего Армандо Марадона вечерва е примен на хирургија на една клиника во Буенос Аирес и чека операција поради внатрешно крварење во стомакот, јавуваат светските медиуми.

Проблемот на Марадона е откриен во текот на рутинска здравствена контрола, кога се пожалил на болки во стомакот. Прегледите утврдиле дека има обилно крварење, поради што веднаш морал да замине на операција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инаку, Марадона се спремаше да се врати во Мексико, каде работи како тренер на Дорадос, а утрово од клубот соопштија дека Марадона не се јавил, ниту појавил на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…