Руската репрезентација денес приреди големо изненадување и ја елиминира „црвената фурија“ која беше еден од главните фаворити на Мундијалот.
Со тоа заврши и авантурата на Фернандо Јеро на клупата на шпанската репрезентација, кој не можеше да го сокрие разочарувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Болен пораз за нас. Дојдовме овде со големи амбиции и за да ги израдуваме сите луѓе што дојдоа да не бодрат во Русија. Поради тоа многу не боли поразот, но ова е фудбал“, истакна Јеро.
„Се обидовме со се, но тешко е да напаѓаш против 11 луѓе во одбрана. Цел тим е разочаран и ја сфаќаме тагата на навивачите. Ја прифаќам мојата одговорност како тренер. Ми беше задоволство да работам со овие момци. Дадовме сѐ, ризикувавме, но на крајот тоа не беше доволно“, изјави Јеро