Ако им веруваме на пишувањата на реномираните Марка и АС, Унаи Емери тренерската кариера ќе ја продолжи во Шпанија.
Емери наводно веќе потпишал преддоговор со Виљареал за следната сезона, а тоа значи дека сегашниот тренер Хавиер Каљехо го напушта клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каљехо после паузата ја препороди Жолтата подморница која врза седум победи и на крајот се пласираше на петата позиција на табела и обезбеди пласман во Лига Европа.
„Не знам каква е мојата иднина, но имам чиста совест бидејќи направив се да го извадам најдоброто од тимот и можам да заминам со крената глава. Прво клубот треба да разговара со мене, јас имам договор и тие треба да ги потврдат или да ги демантираат тие гласини.“ – изјави Каљехо.
Инаку, Емери тренерската слава ја доживеа во Севиља со која освои три трофеи во Лига Европа, после тоа работеше во ПСЖ и Арсенал каде доби отказ во ноември 2018. година.