Дома Фудбал Останато Емери сака да го продаде Озил: Го понуди Германецот на италијанските гиганти

Емери сака да го продаде Озил: Го понуди Германецот на италијанските гиганти

ozil

Германскиот репрезентативец, Месу Озил оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал, бидејќи има голем проблем со повредите.

Озил пропушти поголем дел од сезоната поради проблем со повредите, но и со тренерот. Англиските медиуми во неколку наврати објавија дека Емери и Озил немаат добар однос и дека понекогаш приказните дека Озил е повреден се само обид да се скрие вистинската ситуација.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Германецот не игра од декември минатата година и не е познато кога ќе се врати на теренот иако редовно тренира со екипата. Наводно, Емери е подготен дури и да го пушти Озил да го напушти Арсенал овој јануари со што би го олеснил буџетот на клубот и би можел да доведе засилувања.

Според вестите од Англија, шпанскиот стратег веќе го понудил Озил на италијанските клубови, а станува збор за Интер и Јувентус. Интер минатото лето се поврзуваше со Озил и сигурно дека ќе направи се за да го доведе. Емери има намера од заработените пари да доведе фудбалер по свој вкус, а на листата е играчот на Реал, Иско.

Озил е далеку најплатен фудбалер на Арсенал, бидејќи неделно заработува 350,000 фунти и јасно е зошто и не му се оди од овој клуб. Јувентус веќе го доведе Рамзи и Озил не им е интересен, додека за Емери единствен спас би можел да биде Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…