На самиот почеток на вчерашниот натпревар помеѓу Филаделфија и Милвоки видовме жестока пресметка на теренот.
Во дуел влегоа центарот на домаќините Џоел Ембид и кошаркарот на гостите Ерик Бледсо, а причината беше еден дуел под обрачот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој дуел Ембид ја фрли топката во лицето на Бледсо кој не му остана должен и го погоди со истата во стомакот и тоа прилично агресивно. Потоа тргнаа и физички да се пресметуваат, но останатите играчите спречија да дојде до пресметка. На крајот епилогот беше исклучување за Бледсо.
И покрај исклучувањето на Бледсо Милвоки го доби натпреварот со 128:122.
Eric Bledsoe was ejected after throwing the ball at Joel Embiid ?
(via @NBCSPhilly) pic.twitter.com/A7TtEPzpuU
— Sports Illustrated (@SInow) April 5, 2019