Изминатата вечер во НБА лигата долго ќе ја паметат минатогодишниот МВП, Жоел Ембид и кошаркарот од редовите на Минесота Карл Ентони Таунс.
Најголемиот ривла на Никола Јокиќ за МВП наградата одигра спектакуларен натпревар и во победата на Филаделфија постигна 70 поени. Тој стана само третиот центар во историјата на својата позиција кој постигнал над 65 поени, пред него тоа им успеа на Вилт Чембрлејн и Дејвид Робинсон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На спротивната страна расположен беше Виктор Вембанјама кој уфрл и 33 поени, но тие не беа доволни. Ембид со овие 70 поени исто така постави личен и рекорд на франшизата. Покрај спектакуларната поентерска вечер тој успеа да додаде и 18 скока.
Спектакуларен настап, но не доволен за победа на својот тим имаше и Карл Ентони Таунс кој во поразот на Минесота од Шарлот (125:128) постигна 62 поени. Кога е Таунс во прашање тој стана првиот играч во лигата кој по само две четвртини постигнал 44 поени.
Во сенка на овие две луди и историски настапи остана одличното издание на Кевин Дурант кој со 43 поени го предводеше Чикаго до победа од 115:113. Дурант го постигна и победничкиот кош на секунда и половина пред звукот на сирената.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 113-122
Орландо – Кливленд 99-126
Филаделфија – Сан Антонио 133-123
Торонто – Мемфис 100-108
Минесота – Шарлот 125-128
Далас – Бостон 110-119
Феникс – Чикаго 115-113
Сакраменто – Атланта 122-107