Вечерва Македонија одигра одличен натпревар на арената „Тодор Проески“ и ја совлада Словенија со 2:1.
Ова беше и тоа како важен натпревар за избраниците на Игор Ангеловски. После овој триумф се изедначивме со Словенија на третата позиција со по 11 бодови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првото полувреме видовме тврда игра со по некоја шанса и на двете страни. Во самиот финиш ни беше поништен и еден гол. Бобан Николов беше најблиску до Облак, па главниот судија иако не влијаеше на акцијата се одлучи да го поништи овој погодок.
— Stefan (@StefanDaskalov) October 10, 2019
Ако голот беше неправедно поништен, правдата беше задоволена на самиот старт од вториот дел кога Елмас погоди за 1:0.
Eлмас! 1:0! pic.twitter.com/AJ2sZ7W1D1
— Stefan (@StefanDaskalov) October 10, 2019
И после голот ние прикажавме многу подобра игра, а таква игра беше крунисана и со втор гол во 68-та минута и тој гол повторно беше дело на Елмас.
Елмас! 2:0! pic.twitter.com/NwCd6dFLIm
— Stefan (@StefanDaskalov) October 10, 2019
Во самот финиш Словенија гол постигна преку Иличиќ со удар од белата точка. Пеналот го направи Ѓоко Зајков.
Следниот натпревар Македонија го игра на гости со Полска во недела.