Дома Фудбал Италија „Елмас беше казнет зошто не играше добро на почетокот на сезоната, сега го покажа квалитетот“

„Елмас беше казнет зошто не играше добро на почетокот на сезоната, сега го покажа квалитетот“

Наполи игра одлично оваа сезона во Серија А и сè уште не знае за пораз, па е на добар пат да го освои Скудетото освен ако не се случи чудо до крајот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во мечот против Аталанта и ја искористи на најдобар можен начин – со гол, кој донесе победа од 2-1 за Наполи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Елмас беше казнет затоа што не играше добро на почетокот на сезоната, но сега го покажа својот квалитет и можам да му честитам. Мило ми е што покажавме дека може да победиме и без Кварацкелија, кој е во неверојатна форма оваа сезона“, вели тренерот Лучано Спалети.

Екипата од Неапол има 35 бодови на првата позиција во Серија А, односно шест повеќе од актуелниот првак Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…