Познатиот судија на УЕФА од Словенија, Славко Винчиќ беше уапсен во полициска акција во Босна и Херцеговина.
Винчиќ, кој се наоѓа во елитната група на судии на ФИФА, судеше натпревари и во Лигата на шампиони, а тој е приведен во акцијата во која биле пронајдени дрога и оружје.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вкупно биле приведени 35 лица во луксузна вила во Бјелина, каде пронајдени биле оружје и дрога. Приведените се сомничат и за проституција бидејќи биле во друштво на српски старлети кои важат за елитни проститутки.
„По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека не ги познавам луѓето, по што ме пуштија дома. Бев таму работно, а потоа еден пријател ме покани во вилата“, изјави Винчиќ.
Винчиќ во минатото му беше помошник на Дамир Скомина, а од сезонава е главен судија во УЕФА и судеше на три меча во Лигата на шампиони.