Неуспехот и изненадувачката елиминација уште на стартот од ЦЕВ Купот изгледа доведе на експресен распад на проектот „тим-репрезентација“ во Струмица.
По Никола Ѓоргиев кој се пресели во Турција по само два одиграни натпревари клубот го напушти и уште еден репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Александар Љафтов е нов член на ПАОК каде што ќе соработува со македонскиот тренер Јошко Миленкоски.
„Среќен сум што доаѓам во ПАОК. Се надевам брзо ќе се прилагодам и ќе успееме да постигнеме големи работи. Исто така среќен сум што повторно ќе соработувам со својот прв тренер во кариерата, Јошко Миленкоски. Се познаваме навистина добро. Со нетрпение чекам да започнат официјалните натпревари“, изјави Љафтов.