Монако е апсолутен хит оваа сезона во фудбалска Европа, па се очекува фудбалерите на овој тим да бидат главни ѕвезди во летниот преоден рок.
Сепак, од клубот од „кнежевството“ потврдуваат дека нема да има распродажба на најголемите ѕвезди, но сепак неколку фудбалери можат да си заминат.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Нашиот бизнис модел добро работи и немаме потреба да ги продаваме најдобрите фудбалери. Мбапе, Лемар и Бернардо Силва веќе се изјаснија и сакаат да останат. Во година кога се игра Мундијалот овие фудбалери сигурно ќе останат во Монако“, истакна претседателот на клубот Васиљев.
Васиљев меѓу другото потврди и дека Жардим сигурно ќе остане на кормилото, а дозвола да заминат имаат Фабињо и Менди, доколку за нив пристигне соодветна понуда.
Исто така Монако ова лето ќе го напушти и Бакајоко, кој веќе има договор со Челзи, па останува уште двата клуба да се договорат за оштетата.