Дома Фудбал Италија Една добра и една лоша вест за Јувентус

Една добра и една лоша вест за Јувентус

Јувентус денес ги објави резултатите од прегледите за повредата на Џорџо Киелини и ги израдува своите фанови.

Имено, повредата на Киелини не е сериозна и дефанзивецот ќе биде спремен да првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Нема ништо сериозно. Киелини веќе го започна периодот на рехабилитација и после една недела ќе бидат направени нови тестови“, стои во соопштението.

Во меѓувреме од Бразил пристигнаа лоши вести за Јувентус. Алехс Сандро го напушти денешниот тренинг на репрезентацијата поради повреда, а засега нема информации колку време ќе отсуствува од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид спреми 80 милиони за наследникот на Модриќ

Реал Мадрид го минува вниманието кон Тижани Рејндерс, плејмејкерот на Милан и член на хола…