Дома Фудбал Еден фудбалер на Барселона посебно се израдува на отказот на Куман

Еден фудбалер на Барселона посебно се израдува на отказот на Куман

Холанѓанецот Роналд Куман пред неколку дена доби отказ од клупата на Барселона, откако каталонскиот гигант беше изненаден од Рајо Валјекано (0-1).

Претседателот Жоан Лапорта немаше повеќе ниту трпение, ниту време за Куман, па реши да го отпушти тренерот, а тоа израдува голем дел од фудбалерите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Заминувањето на Куман ги израдува фудбалерите, како и навивачите. А меѓу играчите најсреќен е Рики Пуиг, кој беше отпишан кај Холанѓанецот.

Пуиг одби да оди на позајмица, иако Куман сакаше да го испрати, затоа што смета дека може да игра за првиот тим на Барселона, а најверојатно наскоро ќе добие шанса.

По вчерашниот тренинг фудбалерот застана да подели автограми, па еден од навивачите го праша дали е среќен што Куман доби отказ, а на тоа играчот одговори со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе си ги исполни сонот: Пред 16 години стоеше покрај Роналдо како детенце, сега ќе игра против него!

Неверојатната кариера на Кристијано Роналдо продолжува да инспирира прекрасни приказни. Сл…