Во Манчестер Јунајтед сигурно се многу среќни после изјавата на ѕвездата на Лајпциг и еден од најталентираните напаѓачи во светот, Тимо Вернер.
21-годишниот Германец брилјира во дресот на Лајпциг, притоа јавно порача дека сонува да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вернер оваа сезона постигна шест гола на 8 натпревари во Бундеслигата, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти меѓу кои Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ…
„Како дете секогаш сонувате да играте во голем клуб. За мене тоа беше Манчестер Јунајтед под водство на Алекс Фергусон. Тие секогаш победуваа, а кога сте дете, секогаш навивате за оние кои победуваат“, изјави Вернер.