Дома Македонски спорт Мак ракомет Еден од најголемите балкански таленти и официјално во Битола!

Еден од најголемите балкански таленти и официјално во Битола!

РК Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов член на битолскиот клуб.

Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со вториот тим на македонскиот шампион.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец. Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе му се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.

Алем по многу параметри е рекордер во босанскиот ракомет, а во Суперлигата на БиХ дебитираше на само 14 години. Официјалното претставување на Хаџиќ е предвидено на крајот од месец август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…