Лидерот и бранител на трофејот во англиската Премиер лига Манчестер Сити објави дека потпис на нов договор ставил еден од најважните фудбалери на овој тим, Бернардо Силва.
Според новиот договор Силва ќе остане во редовите на „граѓаните“ до 2025 година, претходниот имаше важност до 2022 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во официјалната објава од Манчестер Сити нема информации за финансиските детали од договорот на Силва, но ако им веруваме на англиските медиуми таа ќе изнесува околу 150.000 фунти неделно.
„За мене ова претставува голема чест. Овој клуб ви ви ги овозможува сите услови за да напредувате. Стилот на игра посебно ме воодушевува“, изјави Силва при потпишувањето на договорот.
Бернардо Силва својата кариера ја започна во Бенфика, за потоа да премине во Монако каде што прикажуваше одлични настапи со кои си обезбеди трансфер во редовите на „граѓаните“.
— Manchester City (@ManCity) March 13, 2019