Екипата на Ливерпул убедливо на домашен терен славеше над Рома со високи 5:2 во рамки на првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите.
Со овој триумф избраниците на Јирген Клоп со една нога се во големото финале во Киев.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Резултатот го отвори Салах во 36. минута, а беше прецизен и за убедливи 2:0 на полувремето во дополнителната минута од судиското продолжение.
Во вториот дел продолжи теророт на англискиот состав над „Римската волчица“ па на 3:0 на асистенција на несоборливиот Салах, прецизен беше Мане во 56. минута, додека последните два погодоци беа дело на Фирмино во 61. и 69. минута, во кои како асистент повторно се запиша Салах во првиот погодок.
Но, Рома до самиот крај не се откажа, па најпрво Џеко во 81. минута, а потоа и Пероти во 85. минута постигнаа погодоци вредни надеж за Римјаните пред реваншот за една седмица на „Олимпико“.
https://www.youtube.com/watch?v=hv5VGne8hc8