Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда (видео)

Европските гиганти се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда (видео)

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на ПСВ и холандски репрезентативец, Стивен Бергвајн, пренесуваат англиските медиуми.

Бергвајн оваа сезона игра фантастично во дресот на ПСВ и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а скаутите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време го следат крилниот напаѓач.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ ќе имаат сериозна конкуренција, бидејќи за потписот на Холанѓанецот силен интерес покажуваат уште Тотенхем и Милан.

21-годишниот Бергвајн е вистинска сензација во холандското првенство и на 17 меча оваа сезона веќе запиша 9 гола и 8 асистенции. ПСВ за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…