Дома Трансфер зона Европските гиганти водат битка за Хакими, Реал трие раце

Европските гиганти водат битка за Хакими, Реал трие раце

Десиот бек на Реал Мадрид, Ашраф Хакими оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд, но „кралевите“ гледаат иднина во него и му понудија нов договор.

21-годишниот Мароканец неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, но неговата иднина на „Сантиаги Бернабеу“ е неизвесна.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции, па европските гиганти се „тепаат“ за негов потпис.

Зидан сака да го врати Хакими, но десната бековска позиција е веќе „покриена“ во Реал, па клубот би можел да се одлучи за продажба со која многу ќе заработи.

Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Јувентус и ПСЖ се силно заинтересирани за Хакими, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…