Во англиските медиуми се почесто се пишува дека Пол Погба по крајот на сезоната може да го напушти Манчестер Јунајтед.
Иако францускиот фудбалер почна да игра нешто подобро откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер и натаму се присутни гласините дека на крајот од сезоната може да го напушти Олд Трафорд и кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според мислењето на поранешниот играч на Јунајтед, Патрис Евра, многу лесно може да дојде до трансфер доколку 26-годишниот играч и натаму биде изложен на големи критики од навивачите.
За тоа зборуваше со стручниот консултант на Скај Спорт, Гери Невил.
„Гери, често го советувам. Се слушаме секојдневно. Не сакам да изгледа дека го штитам во тој конфликт со навивачите, но тие го убиваат. Тој е најдобриот голгетер, најдобар асистент, знам дека можеби не е најдобар од тоа што се очекува. Затоа можеби сега го критикуваат. Но беше најдобар играч во текот на сезоната.“ – рече Евра и додаде:
„Имам чувство дека ќе замине, бидејќи мора да ја чувствува љубовта на навивачите. Можете да го сакате, да го мразите, но ако го “убивате“ Погба оваа сезона, што тогаш да биде со другите играчи?“