Aлан, Хамес Родригез и Абдула Дукуре…Карло Анчелоти целосно го промени средниот ред пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.
Фудбалерот кој го носеше дресот на Вотфорд премина на „Гудисон Парк“ во трансфер вреден 22 милиони евра. Тој стави потпис на договор до летото 2023 година и истиот може да биде продолжен на уште 12 месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Долго чекав да дојдам тука. Имаше интерес и од други клубови, но јас сакав само во Евертон. Ова е тим со богата историја и голем чекор напред во мојата кариера“, изјави за клупскиот сајт 27 годишниот фудбалер.
После четири сезони во Вотфорд Дукуре собра 129 премиерлигашки настапи во кои постигна 17 голови и 12 пати асистираше. Сега на Анчелоти е да го воигра овој „трилинг“.
Италијанскиот стратег имаше три големи желби во овој преоден рок и нивното остварување ги чинеше „карамелите“ 72 милиони евра. Алан и Хамес добро ги познава и затоа вклопувањето можеби ќе оди и полесно.
Сега останува да го почекаме почетокот на сезоната и да видиме како Евертон ќе изгледа.