Дома Фудбал Репрезентации Еве што објави фудбалерот на Јувентус откако не беше повикан за Европското првенство 📸

Еве што објави фудбалерот на Јувентус откако не беше повикан за Европското првенство 📸

Фудбалерот на Јувентус, Мануел Локатели не се на најде на списокот фудбалери на Лучијано Спалети за Европското првенство во Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првотимецот на „старата дама“ е разочаран по таквата одлука на Спалети, а тоа го покажа и со неговата објава на социјалните мрежи.

Локатели на својот Инстаграм профил објави стори со црна позадина без текст.

Сезонава играчот за врска собра 40 настапи за Јувентус, постигна еден гол и подели шест асистенции, собра вкупно 3342 минути. За репрезентацијата на Италија има 28 настапи и три гола.

Локатели беше дел од репрезентацијата на Италија на Европското првенство во 2021 година каде што оваа репрезентација стигна до трофејот. Покрај Јувентус, во кариерата играше уште за Милан и Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона се насочува кон еден од светските шампиони

Барселона покажува сериозен интерес за Ејмерик Лапорт, известува каталонското издание „Спо…