Дома Фудбал Еве зошто Барселона ќе го има логото на Ролинг Стоунс на Ел Класико

Еве зошто Барселона ќе го има логото на Ролинг Стоунс на Ел Класико

ШПАНСКИОТ фудбалски шампион Барселона соопшти дека на најголемото дерби на шпанскиот фудбал против Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 28 октомври на Камп Ноу, на своите дресови ќе го носи логото на познатата англиска рок група Ролинг Стоунс за да го одбележи објавувањето на Новиот албум на Стоунс, Hackney Diamonds.

Логото, кое со децении е заштитен знак на Ролинг Стоунс, ќе го носат играчите на Барселона на градите од дресовите против Реал, како дел од договорот со нивниот спонзор, платформата за споделување аудио содржина Spotify. Фудбалерите на Барселона од минатата година на градите на дресовите носат реклама за Spotify.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, ова нема да биде првпат на градите да стави лого на музичар. Минатата сезона на еден натпревар го носеа логото на канадскиот рапер Дрејк за да го одбележат објавувањето на неговиот нов албум, а на друг логото на шпанската пејачка Росалија за да го рекламира нејзиниот нов албум. Новиот албум на Стоунс ќе се најде во продажба од петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го заврши бојкотот – се придружи на тимот на Ал-Наср!

По кратка пауза поради одлуките на Саудискиот јавен инвестициски фонд за управување со буџ…