Ветеранот Дидие Дрогба воопшто не размислува за пензионирање и кариерата ќе ја продолжи во Бразил, откако потпиша договор со Коринтианс.
Дрогба, кој изминатиот период настапуваше за Монтреал во МЛС лигата потпиша едногодишен договор со бразилски Коринтианс.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Дрогба ќе заработува 150.000 американски долари месечно и ќе биде официјално претставен следната недела. Тој е еден од ретките африканци кои ќе играат во Бразил, но се очекува да биде позитивно дочекан со оглед на неговата популарност на американскиот континент.
„Сакам да играм фудбал и понатаму. Се уште имам силни нозе и со топката се чувствувам како мало дете. Имам мали проблеми со колената, но ќе ги надминам брзо“, изјави Дидие Дрогба.