Дома Останати Кошарка „Дрим-тимот“ и се одмазди на Франција и стигна до златото на ОИ!

„Дрим-тимот“ и се одмазди на Франција и стигна до златото на ОИ!

Кошаркарите на САД го освоија златото откако во финалето ја победија Франција со 87:82.

Четврти пат во низа Американците го освојуваат златото и на овој начин им се одмаздија на Французите за поразот на стартот од турнирот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Франција подобро го отвори мечот поведе со 12:6, но САД до првата пауза ги сврте работите во своја корист и водеше со 12:18.

Со одличната втората четвртина американските кошаркари одат на плус 13, но Французите успеаа да дојдат на пристојни минус пет пред крајот на полувремето.

Потоа избраниците на Грег Попович направија и максимани 14 поени предност. Французите во последните 10 минути успеаа да се вратат на три поени заостанување, но до пресврт не можеа.

Дурант ги предводеше Американците со 29 поени, Тејтум додаде 19, Холидај и Лилард по 11. Кај Франција Фурнирер и Гоберт уфрлија по 16, Јабуселе 13, Де Коло 12 поени…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ се врати и ги водеше Лејкерс до победа! (Видео)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се врати синоќа на теренот откако го пропушти претходнио…