Дома Фудбал Италија Дресот на Икарди се продава во Торино, Интер лут на Јувентус

Дресот на Икарди се продава во Торино, Интер лут на Јувентус

Никако да се смират страстите помеѓу Мауро Икарди и Интер, кој е надвор од терените откако му беше одземена капитенската лента.

Од моментот од кога му беше одземена капитеската лента Икарди одбива да игра за Интер под изговор дека е повреден, а клупското раководство прави се за да се реши ситуацијата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Спортскиот директор Бепе Марота во изминатите денови имаше два состаноци со напаѓачот и неговата сопруга и менаџер Ванда Нара, на кои Аргентинецот им ги поставил условите под кои би се вратил на терените.

Тој побарал „јавна рехабилитација“ на неговиот имиџ од клубот и тренерот Спалети со чисто и јасно објаснување за причината поради која клубот му ја одзел капитентската лента.

Клубот од Икарди бара да им се извини на своите соиграчи, нешто што фудбалерот категорично одбива да го стори, бидејќи тој не чувствува дека погрешил нешто во оваа драма околу него.

Во меѓувреме се погласни се шпекулациите дека Икарди на крајот на сезоната ќе го напушти Интер, а главен кандидат за неговиот потпис е големиот ривал на „нероаѕурите“, Јувентус.

Во Торино веќе почна да се продава дресот од Јувентус со „деветката“ на Икарди, а челниците на Интер им се лутат на луѓето од Јувентус.

Имено, претседателот Жанг е спремен да му отвори „војна“ на Јувентус бидејќи е лут на Паратичи и Недвед кои се во константен контакт со Икарди преку телефон и го убедуваат да се пресели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ОВО БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ ГОЛ НА ДИОГО ЖОТА ВО ЖИВОТОТ: Го постигна за Ливерпул во дербито

Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и португалската фудбалска репрезентација, го загуби живот…