Дома Фудбал Драматичен крај на првенството во Шведска, мечот траеше три часа, Малме е новиот шампион

Драматичен крај на првенството во Шведска, мечот траеше три часа, Малме е новиот шампион

Малме по 23-ти пат во историјата стана шампион на Шведска.

Имено, пред крајот на колото, екипата на Елфсборг ја зазема првата позиција со 3 бода повеќе од Малме и на овој меч се им одговараше освен пораз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Малме успеа да слави со 1:0, а моментот на одлука се случи во 57. минута кога најдобриот стрелец на шампионатот и напаѓач на Малме Киезе Телин погоди од белата точка и му донесе победа на својот тим што значеше и освојување на титула шведски шампион.

На крајот и двете екипи освоија по 64 бода, но екипата на Малме имаше подобра гол разлика што на крајот им ја донесе шампионската титула.

Натпреварот во Малме траеше три часа, бидејќи навивачите направија хаос на полувремето.

Во секторот каде што се наоѓаа навивачите на Елфсборг, беше запалена е заштитната мрежа. Дошло и до конфликт меѓу навивачите и обезбедувањето.

Шведските медиуми јавуваат дека полицијата привела шест лица и дека нема повредени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…