Дома Фудбал Лига на шампиони Драма на „Камп Ноу“, Барса се спаси од елиминација 🎥

Драма на „Камп Ноу“, Барса се спаси од елиминација 🎥

Барселона одлично го одигра првото полувреме и поведе со голот на Дембеле, па на одмор замина со предност од 1:0.

Во вториот дел Интер доаѓа до комплетен пресврт. Најпрво Барела израмни на 1:1, а во 63-та минута Лаутаро Мартинез погоди за пресврт.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Левандовски погоди за израмнување во 80-та минута, но Интер преку Госенс повторно поведе во 89-та минута после еден контранапад.

Иако се мислеше дека тоа е крај за Барселона и дека ќе биде елиминирана од ЛШ, сепак Левандовски во 92-та минута погоди за 3:3 и ја остави Барса во живот во следните две кола од групата.

Баерн Минхен победи на гостувањето кај Плзен и обезбеди пласман во следната фаза. Висока победа оствари Ливерпул на гостувањето кај Ренџерс со 1:7, а Салах постигна хет-трик за шест минути.

Тотенхем со пресврт победи против Ајнтрахт 3:2, а гостински победи запишаа Порто против Леверкузен и Марсеј против Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Игор Ангеловски по пауза од две години има нов клуб1

По пауза подолга од две години, поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, повто…