Речиси секој фудбалер има некој свој ритуал пред секој натпревар, а еден од нив е и репрезентативецот на Германија, Џулијан Дракслер, кој иста работа прави пред секој натпревар.
Дракслер во разговор за германските медиуми зборуваше за Светското првенство во Русија, но најмногу внимание привлеше кога откри што прави пред секој натпревар, односно кој е неговиот ритуал. Германецот ги изненади многумина кога октри што практикува од мали нозе пред да излезе на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јасно е дека како и секој фудбалер има некој свој ритуал пред секој натпревар. Бев во ситуации кога соиграчите ме прашуваа дали сум добро. Во соблекувалната секогаш имам два или три парфеми од кои ставам од сите. Тоа го правам пред секој напревар и некако подобро се чувствувам.“, изјави Дракслер.
Дракслер се најде на списокот на Германија за Светското првенство и јасно е дека од Германија се очекува многу во Русија со оглед на тоа што ја брани титулата шампион во светот која ја освоија пред четири години во Бразил.