Швајцарецот во финалето на Мелбурн ќе се сретне со Марин Чилиќ.
Можеби и најдобриот тенисер на сите времиња, Роже Федерер е блиску до освојувањето на 20 гренд слем трофеј во кариерата. Швајцарецот се пласираше во финалето на Австралија Опен откако денес Хјун Чунг го предаде мечот во вториот сет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер за еден час игра ја прегази корејската сензација Чунг и водеше со 6:1 и 5:2. Кога младиот Кореец го предаде мечот поради болки во стапалото.
Швајцарецот за 20 грен слем трофеј во кариерата ќе се бори со Марин Чилиќ. Доколку го освои ќе стане првиот тенисер со освоени 20 грен слемови. Тој успех до сега го постигнаа само три тенисерки: Серена Вилијамс, Штеф Граф и Маргарет Корт.