Тренерот на Ајакс тврди дека, сепак, неговата екипа имала квалитети да му напакости на новиот освојувач на Лига Европа.
Жозе Мурињо го направи своето. Посет на топката од 33%, пет шутеви кон противничкиот гол, четири во рамките на голот и што е најважно – два во мрежата. Португалецот не е стратег кој умира по убавина во фудбалот, но знае како се освојуваат трофеи. Секако, не се сите импресионирани од неговата стратегија, посебно не неговиот колега од Ајакс, Питер Бош.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Досаден натпревар. Немаше шанси. Не можевме да ги нападнеме нивните стопери, бидејќи Манчестер Јунајтед играше на долги топки и воопшто не ризикуваше со градење на игра“, незадоволен изјави Бош.
Што секако, не значи дека не го увиде очигледното – Манчестер Јунајтед едноставно е подобар тим.
„Ние сме доволно добри за да играме против ваков Јунајтед. Овие млади момци не се навикнати да играат во финале. Ќе научат многу од овој пораз. Ќе станат појаки“, изјави после натпреварот.