Дома Топ вести Дортмунд одби 98 милиони за Санчо

Дортмунд одби 98 милиони за Санчо

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ќе биде една од најжешките теми на трансфер пазарот ова лето.

Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци покажува голем интерес за Англичанецот, но „милионерите“ не сакаат да прават отстапки околу цената.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пред извесно време од Дортмунд порачаа дека тој што го сака Санчо ќе мора да плати 100 милиони евра, во спротивно сите други понуди ќе бидат одбиени.

Денес „Билд“ пренесува дека Борусија одбила понуда тежка 98 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Санчо. Проблемот е што само 70 милиони евра се база, а останатите 28 милиони се во форма на бонуси.

Сепак, Манчестер Јунајтед не се откажува и откако обезбеди пласман во ЛШ, се очекува во наредите денови да испрати нова понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…