Дома Топ вести Дортмунд најде замена, Санчо пред трансфер на „Олд Трафорд“

Дортмунд најде замена, Санчо пред трансфер на „Олд Трафорд“

Џејдон Санчо оваа сезона повторно воодушеви со своите настапи и е голема желба на Манчестер Јунајтед.

„Црвенте ѓаволи“ понудија 100 милиони евра, кои не беа доволни бидејќи Борусија Дортмунд бара 20 милиони евра повеќе.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, младиот Англичанец инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“, а се појави најновиот сигнал кој укажува дека трансферот е пред реализација.

„Билд“ пренесува дека „милионерите“ бараат замена за Санчо, а прва желба е поранешниот играч на Јунајтед, Мемфис Депај.

Депај влезе во последната година од договорот со Лион и сака да ја промени средината, па после настапите во ЛШ сигурно ќе го напушти клубот.

Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Дортмунд е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…