Словенецот Лука Дончиќ се врати на терените после три недели. Дончиќ беше надвор прво поради повреда, а потоа и се зарази со коронавирусот.
Беше Дончиќ блиску до трипл-дабл, но сепак имаше скромни бројки во победата на Далас над Оклахома од 95:86. Фантастична вечер имаше дебитантот Џош Гиди кој со трипл-дабл го сруши рекордот на Ламел Бол како најмлад играч со трипл-дабл учинок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гиди постигна 17 поени, 14 асистенции и 13 скока со 19 години и 84 дена. Дончиќ натпреварот го заврши со 14 поени, 9 скока и 19 асистенции.
Youngest player with a triple-double:
— StatMuse (@statmuse) January 3, 2022
19y, 84d — Josh Giddey
19y, 140d — LaMelo Ball
19y, 317d — Markelle Fultz
19y, 327d — Luka Doncic
They are the only 19 year-olds with a triple-double in NBA history. pic.twitter.com/bEtooFkNnq
Џејлен Браун стана само третиот играч оваа сезона кој постигнал 50 поени во НБА, пред него тоа го направија Стивен Кари и Кевин Дурант. Браун дури 21 од 50. поени постигна во четвртата четвртина во која Селтикси ја надополнија негативата на Орландо.
Лејкерси успеаа да слават над Минесота со 108:103. Леброн Џејмс постигна 26 поени. Треба да се спомене откако Џејмс ја презема улогата на центар Лејкерси победија на три од четири натпревари со прекин на црната серија од пер потази.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Торонто – Њујорк 120:105
Бостон – Орландо 116:111 (пр.)
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115:113
Оклахома Сити – Далас 86:95
Шарлот – Феникс 99:133
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103