Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ постигна 45 поени во поразот на Далас 🎥

Дончиќ постигна 45 поени во поразот на Далас 🎥

Кошаркарите на Феникс во изминатата вечер славеа против Далас Маверикс со 121:114 и поведоа во серијата со 1:0 во вториот круг од плеј-офот на Западната конференција.

Феникс во одличен натпревар пред своите навивачи успеа да дојде до победата против Далас и да поведе со 1:0. Домашниот тим имаше предност од самиот почеток на мечот. Во првата делница Феникс водеше со 35:25 додека на пауза се замина со резултат 69:56 за домаќините. Успеа Феникс да ја задржи предноста и во третата четвртина додека Далас резултатски успеа колку-толку да се приближи во последната четвртина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Одлично играше Далас во последните 12 минути, но тоа не им беше доволно за пресврт. На крајот Феникс дојде до триумф со 121:114 и така поведе со 1:0 во серијата. Феникс предводен беше од Ејтон кој уфрли 25 поени и додаде уште осум скока, а одличен беше Букер со 23 поени, девет скокови и осум асистенции.

Неверојатен натпревар одигра Лука Дончиќ кој вчера уфрли 45 поени, но ниту тоа не беше доволно за Далас. Дончиќ покрај одличната поентерска вечер додаде уште 12 скокови и осум асистенции.

Првата победа во серијата ја запиша и Мајами кој на свој паркет со 106:92 ја победи Филаделфија за водство од 1:0. Мајами пред своите навивачи одигра одличен меч и после третата четвртина беше јасно дека ќе дојдат до победата. Домашната екипа ја предводеше Херо со 25 поени, додека Адебајо додаде 24 поени, 12 скокови и четири асистенции. Во редовите на Филаделфија најдобар беше Харис со 27 поени, шест скока и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…