Лука Дончиќ ја потврди победата на Далас против Сакраменто (107:103) на гости со поените од линијата за слободни фрлања, последниот поен Дончиќ го посвети на поранешниот кошаркар Владе Дивац.
По кошот, Дончиќ се сврте кон Дивац, покажа со прстот и дофрли нешто кон него, а подоцна на сите од клупата им порача: „Требаше мене да ме избере“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, во 2018 година, Сакраменто го имаше вториот пик на НБА драфтот, но наместо Дончиќ, на инсистирање на Дивац го избра Марвин Бегли кој сега игра во Вашингтон и не се истакнува премногу. Очигледно е дека Лука не го заборавил тоа. Дончиќ на овој меч постигна 26 поени, девет скока и имаше одлични 12 асистенции.
Luka Doncic as he puts away the Kings tonight in Sacramento with his final free throw, then as the final horn sounds, waves goodbye to former Kings GM Vlade Divac seated courtside and says "he shoulda' drafted me." pic.twitter.com/6j26cLprxA
— Sean Cunningham (@SeanCunningham) March 30, 2024