Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и Далас предводен од Словенецот се врати од -11 негатива во третата четвртина против Детроит (111:105).




Неколку дена откако мораше да го напушти натпреварот против Феникс поради повреда, Дончиќ се врати со феноменален настап.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За само 36 минути на паркетот имаше шут од 17/24 од поле, 5/11 за три поени, постигна 53 поени и додаде уште осум скока и пет асистенции.




Треба да се истакне дека посебно импресивен беше Дончиќ на стартот од натпреварот кога постигна дури 24 поени од првите 30 на Маверикс.




За Дончиќ ова е четврти натпревар сезонава во кој има 50 или повеќе поени. Рекордот го постави минатата година кога одигра меч со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Орландо 109-119, Бруклин – ЛА Лејкерс 121-104, Минесота – Сакраменто 111-118, Оклахома – Голден Стејт 120-128, Сан Антонио – Вашингтон 106-127, Далас – Детроит 111-105, Феникс – Торонто 114-106, Портланд – Атланта 129-125.