Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан ќе остане запаметен секогаш по неговите настапи во НБА-лигата, а на вчерашниот меч на Олстарот на необичен начин го поздрави младиот и талентиран играч на Далас маверикс, Лука Дончиќ.
Џордан му скокна во прегратка на Словенецот, кој остана збунет затоа што не очекуваше таков поздрав од страна на легендарниот американски кошаркар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој момент беше неверојатен, не знам како да го опишам со зборови. Џордан го знае моето име, а само тоа е доволно. Неверојатно“, кажа Дончиќ.
Luka and MJ. 🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) February 21, 2022
pic.twitter.com/Rpb6AZcIIS