Koшаркарската федерација денеска донесе одлука за прекинатиот натпревар помеѓу Чаир и МЗТ Скопје кој ќе се доигра пред празна сала, а изречени се и парични казни.
КК Чаир 2030 добива забрана за поставување на дополнителни ВИП столчиња до крајот на актуелната сезона, а воедно клубот ќе мора да плати и парична казна во висина од 40.000 денари. Санкција беше изречена и за техничкиот раководител на екипата, Алајдин Мустафа, кој доби парична казна во висина од 20.000 денари
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа парична казна ќе мора да плати и МЗТ Скопје, како што соопштуваат од федерацијата поради предизвикување на прекин. Kлубот од Аеродром ќе мора да плати парична казна во износ од 30.000 денари.