Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума синоќа дебитираше во Лигата на шампиони, а после мечот ја коментираше информацијата дека не е задоволен со статусот во клубот.
22-годишниот Италијанец вели дека се смее на написите од медиумите и тврди дека е среќен во ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се смеам на тоа што го пишуваат медиумите. Среќен сум во ПСЖ. Неверојатно е да се игра со сите овие шампиони. Клубот секогаш ми дава поддршка, а вечерва се оствари мојот сон да играм во Лигата на шампиони“, изјаво Донарума.
Коментари