Дома Фудбал Италија Донарума незадоволен во ПСЖ: Тешко ми е да седам на клупа

Донарума незадоволен во ПСЖ: Тешко ми е да седам на клупа

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ како најдобар голман на ЕП, но во Париз има статус на резерва.

Покетино повеќе му верува на Кејлор Навас, а Донарума често е на клупата за резерви и до сега запиша само неколку настапи.

Младиот Италијанец го загуби трпението и веќе му се пожалил на неговиот агент Мино Раиола.

Донарума сака да игра и е лут на Раиола што не му обезбедил трансфер во клуб каде ќе му биде гарантирано место во стартниот тим.

„Не е лесно, бидејќи јас бев навикнат да играм постојано. Признавам дека не се чуствувам добро кога седам на клупа, но се надевам дека наскоро ќе биде подобро“, призна Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголема драма на трансфер периодот. Навивачите не го сакаат, клубот бара 500 милиони евра за него.

Хулијан Алварез се најде во непријатна ситуација во Атлетико Мадрид. Иако јавно ја изрази …