Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но се уште не дебитирал на голот на „светците“.
Покетино во првите натпревари предност му даде на Кејлор Навас, а Донарума беше на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Италијанец го загуби трпението и истакна дека дошол во Париз за да биде прв голман на ПСЖ.
„Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е голем голман, но јас сум тука за да бранам. Конкуренцијата е добра и може да влијае позитивно“. Дојдов тука за да бранам, па ќе го дадам најдоброто од мене за да станам стартер“, истакна Донарума.
„Сакам да бидам еден од најдобрите голман во светот, затоа дојдов во ПСЖ кој силно ме сакаше. Нема да има проблеми, Кејлор е одлична личност, ние сме пријатели, но јас дојдов за да бранам“, додаде Италијанецот.